Fatma Bülbül
26 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Во воздушен напад со беспилотно летало во турската југоисточна покраина Хакќари, денес се неутрализирани најмалку тројца терористи, соопшти армијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската армија се вели дека со беспилотно летало, утринава околу 06:00 часот (0300GMT) била спроведена воздушна офанзива против терористите на ПКК во подрачјето на Кејлани Тепе, во Јуксекова.
Турската армија соопшти дека од почетокот на операциите во Хакќари, досега се неутрализирани 323 терористи.
Сепаратистичката терористичка организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, а станува збор за група којашто повеќе од три децении води оружена кампања против Турција.
Досега во акциите животот го загубија повеќе од 600 припадници на турските безбедносни сили, а неутрализирани се повеќе од 7.700 терористи.