Yusuf Soykan Bal
10 Мај 2019•Ажурирај: 12 Мај 2019
АНКАРА (АА) – Џелал Каја, еден од шестемина терористи кои беа неутрализирани во Тунџели во Турција, се наоѓал во сината категорија на барани терористи, а другиот неутрализиран терорист, Хајдар Ѓул, се наоѓал на портокаловата листа на барани терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција, еден од 6-те неутрализирани терористи во областа Тунџели, при операцијата на Командата на жандармеријата се наоѓал на „листата на барани терористи“ во сината категорија.
Наградата за неутрализирање на терористот изнесувала 1 милион и 500 илјади лири (220.000 евра). Терористот Џелал Каја, познат по кодното име „Доган-Серхат“ бил одговорен за таканаречениот источен фронт.
Меѓу 6-те неутрализирани терористи се наоѓал и терористот Хајдар Ѓул, познат под кодното име „Баран“.
Тој се наоѓал на портокаловата листа на барани терористи, а наградата за неговото неутрализирање изнесувала 600.000 лири (11.000 евра).