Турција

Ердоган: „Никакви закани не можат да нѐ запрат кога веруваме во себе"

„Оние кои сфатија дека не се во состојба на друг начин да ја запрат Турција, почнаа да ја напаѓаат нашата надеж, нашиот морал, нашата верба во остварување на нашите цели", рече Ердоган

Enes Kaplan  | 10.05.2019 - Обновена : 11.05.2019
Ердоган: „Никакви закани не можат да нѐ запрат кога веруваме во себе"

АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во Анкара изјави дека оние кои сфатиле дека не се во состојба на друг начин да ја запрат Турција, почнаа да ја напаѓаат надежта, моралот и вербата на неговата земја во остварување на предвидените цели, јавува Anadolu Agency (AA).

Во турскиот главен град Анкара, Ердоган се состана на ифтар со турските стопанственици, после што говореше за актуелни случувања, меѓу другото и за турската економија, но и за повторувањето на локалните избори во Истанбул.

„Оние кои сфатија дека не се во состојба на друг начин да ја запрат Турција, почнаа да ја напаѓаат нашата надеж, нашиот морал, нашата верба во остварување на нашите цели. Тоа е најголемата цел која се крие зад операциите на движењето на курсот кои претставуваат поттикнувач за каматата и инфлацијата", рече Ердоган.

Турскиот претседател нагласи дека во наредниот период очекува значително зголемување на бројот на работните места во неговата земја и дека веќе добиваат сигнали на тој план.

„Никакви санкции, ниту закани во врска со тоа, никаков дополнителен данок, ниту било какво отворено или скриено ембарго, не можат да нѐ запрат кога веруваме во себе", истакна Ердоган.

Говорејќи за одлуката на турската Врховна изборна комисија (YSK) да се повторат изборите во Истанбул, Ердоган подвлече дека станува збор за „повторување на изборите кои паднаа под сомнеж поради незаконитости и неправилноссти кои се утврдени во изборниот процес",

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın