Beyza Binnur Dönmez
09 Мај 2019•Ажурирај: 10 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го потврди ветувањето дека Турција ќе добие полноправно членство во Европската Унија, и покрај напорите на оние кои сакаат да ја исклучат од европското семејство, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција решително продолжува по својот пат, и покрај оние кои сакаат да ја исклучат од европското семејство“, изјави Ердоган на состанокот на реформската акциска група во главниот град Анкара.
Ердоган истакна дека Турција се бори да стане полноправна членка на ЕУ во последните 60 години, додавајќи дека земјата е решена да го добие членството.
„На ЕУ ѝ е потребна Турција повеќе отколку што на Турција ѝ е потребна ЕУ“, нагласи Ердоган.
„Турција ќе види колку е искрена ЕУ во врска со визната либерализација кога ќе ги исполни уште шесте останати од вкупно 72 критериуми“, додаде турскиот претседател.
Турција аплицираше за членство во ЕУ во 1987 година, а пристапните преговори започнаа во 2005 година.
Но преговорите се прекинаа во 2007 година поради противењето на администрацијата на кипарските Грци за поделениот остров Кипар, како и на опозицијата од Германија и Франција.