Ferdi Türkten
27 Мај 2022•Ажурирај: 29 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа седум терористи на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти Министерството за национална одбрана на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите беа неутрализирани откако отворија оган во областите каде беа реализирани операциите „Штитот на Еуфрат“, „Маслинова гранка“ и „Извор на мирот““, објави Министерството на Твитер.
Од 2016 година досега, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија, „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019), со цел да спречи формирање терористички коридор и да се овозможи мирно враќање на раселените Сиријци.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.