Berk Özkan
27 Мај 2022•Ажурирај: 28 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со австрискиот канцелар Карл Нехамер, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Дирекцијата за комуникации на Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Нехамер разговарале за односите меѓу Турција и Австрија и настаните во контекст на Руско-украинската војна.
Ердоган во таа пригода рече дека продолжува да ги охрабрува страните да водат дијалог, со цел што поскоро мирно завршување на војната во Украина.