Can Erözden
05 Февруари 2019•Ажурирај: 05 Февруари 2019
КОЊА (АА) - Обвинителите во централна Турција издадоа налози за приведување на 50 лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Лицата се барани од страна на турските безбедносни сили како дел од тековната истрага за инфилтрирањето на ФЕТО во турската армија, истакнаа извори, кои побараа да останат анонимни.
Истрагата е предводена од обвинители во Коња, централна Турција.
За осомничените припадници се смета дека се т.н. „имами“ во војската.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен кој живее во САД, стојат зад обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.