Ferdi Türkten
22 Април 2022•Ажурирај: 23 Април 2022
АНКАРА (АА) - Турската национална разузнавачка организација (МИТ) спроведе операција во која ги неутрализира Родин Абдулкадир Мухамед и Ранја Хенан, т.н. високи раководители на ПКК/ЈПГ кои дејствуваа во сирискиот регион Ајн ел Араб (Кобани) во Сирија.
Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ на 20 февруари спроведе операција во Ајн ел Араб против двајца терористи, кои со своите инструкции се организатори на акциите против турските безбедносни сили на граничната линија Турција - Сирија и се одговорни за загинатите припадници на безбедносните сили во тоа подрачје.
Неутрализирани се Родин Абдулкадир Мухамед, со кодно име „Ронахи Кобани“, копретседател на т.н. Комитет за одбрана на ПКК/ЈПГ на Ајн ел Араб и Ранја Хенан, со кодно име „Дилар Халеп“, членка на Извршниот комитет на Единиците за заштита на жените на ПКК/ЈПГ.