Sena Güler
11 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
АНКАРА
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денеска изјави дека лидерот на нелегитимните сили, Калифа Хафтар, со сигурност ќе исчезне доколку ја изгуби поддршката по неодамнешни воени порази, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бидејќи поддршката зад него е повлечена, укината, Хафтар со сигурност ќе исчезне таму“, изјави Акар за новинскиот канал „А Хабер“ (A Haber).
Истакнувајќи дека Турција му се спротивстави на пучистот Хафтар, Акар нагласи дека неговата земјата се наоѓа во регионот на барање на либиската Влада и обезбедува воена обука, соработка и советници за либиската армија.
Нагласувајќи дека по поддршката од страна на Турција, работите биле во прилог на Владата на Фајез ал Сараџ, тој додаде: „Не постои можност Хафтар, кој е неправеден и е пучист, да биде успешен таму со нелегитимната поддршка која ја добива поради неправедните барања и активности.“
Зборувајќи за тоа колку долго силите на Хафтар можат да продолжат да извршуваат напади во земјата, тој изјави дека Хафтар не претставувал моќ сам по себе во Либија.
„Тој [Хафтар] беше таму како средство контролирано од некои овластувања што стојат зад тоа“, истакна тој.
Турција долго време ја осудува нелегалната поддршка која му се пружа на Хафтар од страна на земјите како што се Египет и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година кога од власта беше соборен и убиен Муамер ал Гадафи. Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи има поддршка од ОН и меѓународните заедници, додека Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои главно се поддржани од Египет и Обединетите Арапски Емирати.
- Антитерористички операции во северен Ирак
Осврнувајќи се на антитерористичката операција на Турција во северен Ирак, Акар изјави дека во тек се интензивни борби.
„Вкупно 431 терорист се неутрализирани од 1 јануари 2020 година“, изјави Акар, додавајќи дека над 16.800 терористи се неутрализирани во операција која е во тек од 2015 година.
Тој исто така додаде дека бројот на терористи кои се предаваат на безбедносните сили, се зголемил, додека бројот на оние кои се придружуваат на терористичките организации, се намалил.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК - која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ - е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени.
ЈПГ е сириски огранок на ПКК.