Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
11 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
АНКАРА
Турција денеска го критикуваше Извештајот за меѓународни верски слободи издаден од американскиот Стејт департмент, тврдејќи дека е напишан на јазик кој е далеку од објективен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој, изјави дека содржината на извештајот за Турција вклучува „тврдења без извори“.
„Без каква било дискриминација, Турција продолжува да ги поддржува своите напори во заштита и развој на слободите на религија и богослужение за сите наши граѓани преку конкретни чекори. Различни религии и верувања живеат во мир и хармонија во нашата земја“, изјави Аксој.
Истакнувајќи дека во последните 20 години, Турција презела значителни чекори за подобрување на правата и слободите на оние коишто не се муслимани, Аксој рече дека земјата вовела законодавство и практики на управување за сите граѓани да уживаат еднакви права и спречување на сите средства за дискриминација како дел на нејзините напори за понатамошна демократија.
Осврнувајќи се на делот од извештајот во кој се дискутира за претворање на музеите „Аја Софија“ и „Карије“ во џамии, Аксој изјави: „Аја Софија“ и „Карије“ се во сопственост на Република Турција и сите средства за овластување [на музеите] се прашање на внатрешните работи на Турција.“
„Одлуките донесени или кои треба да се донесат во врска со овие места не се грижа на другите земји“, додаде тој.
Аксој понатаму нагласи дека сите културни и религиски имоти во Турција се добро заштитени.
Напоменувајќи го зголемувањето на исламофобија, антисемитизам, расизам и ксенофобија во САД, Аксој рече дека е „трагикомично“ Вашингтон да користи вакви извештаи за да го сврти вниманието на светот од масовните протести во земјата.
Аксој понатаму ги отфрли „сите недоследни и намерни, но неосновани изјави во извештајот“ и ги повика САД да се фокусираат на своите внатрешни работи за верските слободи и човековите права.