Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
11 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
ДИЈАРБАКИР
Турските безбедносни единици приведоа 22 лица поради наводи за поврзаност со терористичката организација ПКК/КЏК, соопштија денеска безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како дел од истрагата започната од обвинителите во Дијарбакир, антитерористичките тимови на полицијата извршија истовремени операции и рации на 36 локации во две области вклучувајќи го Дијарбакир, изјави извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Обвинителството започна истрага против осомничените поради наводи за координирање на внатрешните и надворешните врски на припадниците на ПКК.
За време на рациите, безбедносните сили запленија значајно количество оружје и муниција, документи и лаптопи кои припаѓале на лицата поврзани со терористичката организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК - која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ - е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи деца и жени.
ЈПГ е сириски огранок на ПКК.