Erdoğan Çağatay Zontur
17 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турските обвинители издадоа налози за приведување на 28 лица поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителите во Измир издадоа налози за приведување на 14 осомничени лица, вклучувајќи го отпуштениот началник на полицијата од втор степен, за кој е утврдено дека комуницирал со тајните имами на ФЕТО, вели извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Обвинителите во Анкара во меѓувреме издадоа налози за апсење за други 14 осомничени лица, за кои е утврдено дека ја користеле шифрираната апликација за размена на пораки „БајЛок“.
Девет осомничени се приведени, додека операцијата за фаќање на останатите осомничени е во тек.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули, 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.