Selma Kasap
17 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турските сили, во рамки на воздушната операција реализирана во северниот дел на Ирак, неутрализираа тројца терористи на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, турските сили извршиле воздушна операција во подрачјето на Гара, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак.
Во соопштението се нагласува дека во рамки на оваа операција биле погодени упоришта, засолништа и складишта за муниција на сепаратистичката терористичка организација ПКК.
Исто така, се нагласува дека турските сили во рамки на операцијата неутрализирале тројца терористи на оваа терористичка организација.