Jeyhun Aliyev
20 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турските обвинители денес издадоа налози за апсење на 195 осомничени лица низ Турција поради нивната поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на јавниот обвинител издадени се налози за апсење за 50 осомничени лица, вклучувајќи 40 војници на должност и 22 лица од персоналот на воздухопловните сили во истовремени операции низ 21 област, од кои најмногу во турската област Коња.
Во меѓувреме, обвинителите во главниот град Анкара издадоа налози за апсење на 92 осомничени лица, вклучувајќи 8 војници на должност.
Меѓу нив, 56 осомничени се од жандармериските, а 36 од поморските сили.
Обвинителите во Истанбул издадоа налози за апсење на 53 лица осомничени за користење на апликацијата за кодирани пораки на ФЕТО „БајЛок“ (ByLock). Од нив, од страна на антитерористичките безбедносни сили, фатени се 37-мина.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.