Barış Kılıç
06 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Во рамките на истрагите против терористичката организација ФЕТО раководени од Анкара, издадена е одлука за приведување на пет лица, меѓу кои се наоѓа и еден службеник за кадровски прашања, јавува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за службеници на Генералната команда на жандармеријата.
Од Главното обвинителство на Анкара е соопштено дека поседуваат докази кои покажуваат сомнеж дека станува збор за припадници на ФЕТО. Потврдија дека е издаден налог за приведување на овие лица.
ФЕТО е терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), за кого Турција официјално од САД бараше негово испорачување.
Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во турското правосудство со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат голем број високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвав обид за соборување на избраната власт, односно обид за пуч кои го изведоа офицери кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.
Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа којашто не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските официјални лица. Во текот на обидот за пуч во Турција животот го изгубија 251, а беа повредени околу 2.200 лица.