Orhan Onur Gemici
21 Мај 2021•Ажурирај: 22 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили на Турција фатија припадник на терористичката организација ДЕАШ во обид од Сирија да премине на територијата на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Турција е наведено дека земјата продолжува да води силна и одлучна борба против тероризмот.
Наведено е дека граничните сили во градот Хатај фатиле терорист на ДЕАШ кој од Сирија се обидел по илегален пат да премине во Турција.