Yunus Girgin
08 Февруари 2021•Ажурирај: 09 Февруари 2021
АНКАРА
Турските произведувачи на цветови, во пресрет 14. февруари - Денот на вљубените, извршија извоз на 70 милиони цветови во 22 земји, вклучувајќи ги Холандија, Велика Британија, Германија и Романија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Исмаил Јилмаз, претседателот на Здружението на извозници на украсни растенија и производи, изјави дека оваа година е забележан значаен пораст на извоз на цветови.
„И покрај пандемијата, испративме 70 милиони цветови во 22 земји, во вредност приближно од седум милиони долари. Таа бројка минатата година изнесуваше шест милиони долази за 60 милиони цветови“, изјави тој.
Најголемиот турски пазар на цветови е Холандија, а следуваат Велика Британија, Германија, Романија и Украина.