Murat Paksoy
03 Ноември 2017•Ажурирај: 03 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Командата на крајбрежната стража соопшти дека во текот на операцијата што се води околу потонатиот товарен брод, од морето се извлечени телата на двајца членови на екипажот, јавува Anadolu Agency (AA).
Kомандата на крајбрежната стража на својата интернет-страницата објави „Товарниот брод кој потона во подрачјето на Шиле, во националните води на Турција, е пронајден на оддалеченост од 7 морски милји од брегот. На 3 ноември, за време на спасувачката операцијата, пронајдени се безживотните тела на двајца членови на екипажот”.

Товарниот брод „Билал Бал“, кој се движел од Гемлик во Мраморното Море кон Ерегли во Црното Море, завчера испрати сигнали за помош, по што екипи од крајбрежната стража, крајбрежната безбедност и турските поморски сили започнаа спасувачка операција.
Бродот „TCG ALEMDAR“ (ТГГ АЛЕМДАР), дел од флотата на турските поморски сили во водите на Црното Море, го лоцираше потонатиот брод, по што во тоа подрачје се интензивирани спасувачките операции.
На бродот се наоѓал екипаж составен од капетанот на бродот, помошник-капетан, главен инженер, втор машинист, тројца морнари, двајца одржувачи на мотори, еден готвач и едно лице кое не било дел од екипажот.