Fatma Bülbül
07 Ноември 2017•Ажурирај: 07 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Спасувачките екипи извлекоа тело на уште еден член на екипажот на бродот што потона во Црното Море минатата недела, соопшти денес локален претставник, јавува Anadolu Agency (AA).
Салих Јуџе, гувернерот на истанбулската северна крајбрежна област Шиле, истакна дека четири тела од екипажот на потонатиот брод се пронајдени.
Според првичните извештаи бројот на членовите на екипажот беше 10, но во подоцнежните извештаи се наведува дека на бродот имало осумчлен екипаж.
Минатата среда, турски товарен брод потона на седум наутички милји (13 километри) од брегот на Шиле, недалеку од Истанбул.
Товарниот брод „Билал Бал“, долг околу 80 метри, испратил итен повик тоа утро, соопшти Министерството за транспорт, поморство и комуникации.
Бродот пренесувал железна руда од пристаниште во Мраморното Море кон пристаништето Ерегли во Црното Море.
Во петокот, Министерството за транспорт, поморство и комуникации соопшти дека пред несреќата тројца членови на екипажот се симнале на копно, а еден морнар се качил на бродот без дозвола или знаење на пристанишните власти.
Капетанот на бродот, главниот механичар и машиновозачот го напуштиле бродот без тоа да го пријават на властите, се вели во соопштението.