Arif Yakıcı
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Транспортен брод потона на отворено море, кај месноста Шиле во Црното Море. По заедничка акција на екипите на крајбрежната стража и екипите за обезбедување на крајбрежјето, одредена е локацијата на бродот, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата што ја даде гувернерот на Истанбул, товарниот брод „Билал Бал“ се движел од Гемлик во Мраморното Море, кон Ерегли во Црното Море. Откако од бродот добиле сигнал за помош, во подрачјето се упатени спасувачки екипи.
Во акцијата на спасувачките екипи учествуваат два брода од Командата на екипите на крајбрежната стража на Мраморното Море и на подрачјето на теснеците, еден хеликоптер, еден авион и 3 брода на екипите на крајбрежната безбедност.
Во чамците до кои дојдоа спасувачките екипи на површината од морето, не било пронајдено ниту едно лице од 10-те членови на екипажот на бродот. Се дознава дека во спасувачката акција ќе се вклучат и елементи од Командата на поморските сили.
- Жандармеријата го пребарува крајбрежјето -
Во меѓувреме, екипите на жандармеријата го пребаруваат крајбрежјето, а им помагаат членови од институциите на крајбрежната безбедност. Покрај тоа, во подрачјето е испратен и хеликоптер.
Продолжува спасувачката операција за пронаоѓање на 10-те членови на екипажот, меѓу кои капетанот на бродот, помошник-капетан, главен инженер, втор машинист, тројца морнари, двајца одржувачи на мотори и еден кувар.
Од друга страна, управителот на околијата на Шиле, Салих Јуџе, соопшти дека во чамецот пронајден на површината на морето немало членови од екипажот на бродот. „Продолжуваме со спасувачката акција во морето и на крајбрежјето. Го истражуваме потонувањето на бродот, бидејќи се пронајдени елементи кои му припаѓаат“, изјави гувернерот.
- Одредено местото на потонувањето -
Бродот „Билал Бал“ со должина од 80 метри, утрово потона во водите на Црното Море.
Турската крајбрежна стража го пронајде бродот во Црното Море, на длабочина од 88 метри, недалеку одобласта Шиле.
„Сите надлежни служби се вклучени во спасувачките операции и во потрагата по исчезнатиот екипаж на бродот“, соопшти турското Министерство за транспорт, поморство и комуникации.