Ekipa
09 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
ВИЕНА (АА) - Австриските спасувачки екипи спасија германски планинар кој откако се лизнал, поминал пет дена во длабок процеп во глечер, јавува Anadolu Agency (AA).
Австриските власти велат дека планинарот е пронајден денес, на длабочина од 30 метри, откако успеал да повика итна помош од неговиот мобилен телефон, по многуте неуспешни обиди поради лошиот сигнал.
Државните медиуми го цитираа Кристоф Премесбергер од Горската служба за спасување, кој изјави дека човекот бил релативно малку повреден со оглед на падот што го доживеал, ги повредил рамото и ногата. Тој додаде дека по спасувањето утрово, планинарот со хеликоптер бил пренесен до најблиската болница.
Исчезнувањето на мажот на непристапниот терен Дахштајн го пријавил неговиот татко во саботата. Идентитетот на планинарот не бил објавен во согласност со австрискиот Закон за приватност.