Emre Aytekin
11 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
ЊУЈОРК (АА) - Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) соопшти дека најголемиот глечер на Земјата од Јужниот Пол се придвижил кон топлите мориња, пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за глечер од 11.000 квадратни километри што се одвои од антарктичката ледена плоча Рос пред 18 години.
Британскиот весник „Daily Mail“ (Дејли мејл) јавува дека на снимките снимени од Меѓународната вселенска станица е видливо дека големиот глечер се придвижил кон островот Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови кои се наоѓаат во јужниот дел на Атлантскиот Океан.
Научниците претпоставуваат дека глечерот се истопил по влегувањето во потоплите мориња.
Во изминатите 18 години ледениот остров слободно кружел околу Антарктикот и преминал речиси 10.000 километри.