Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Научниците кои сакаат да ја истражат ефикасноста на вакцините во САД, бараат доброволци што ќе престојуваат во „Хотелот Грип“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во „Live Science“, научниците од Универзитетот Сент Луис во сојузната американска држава Мисури, со цел изработка на посеопфатно истражување за ефикасноста на вакцините за грип, „Единицата за истражување на долг престој“ ја преименуваа во „Хотел Грип“.
Хотелот ќе ги угости доброволците кои самоволно ќе прифатат да бидат заболени од вирусот на грип. Учесниците, кои претходно ќе бидат вакцинирани или ќе им биде направено плацебо, подоцна ќе бидат изложени на вируси.
Доброволците за престој и патни трошоци ќе добијат 3.500 долари, а ќе бидат во карантин и следени од научниците во текот на 10 дена.
Во објектот кој има карактеристики на класичен хотел, ќе има и медицински сестри што ќе се грижат за доброволците.
Научниците планираат првиот проект во „Хотел Грип“ да го започнат во текот на наредните шест месеци.