Ekip
04 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
МАДРИД (АА) - Шпанската невладина организација тврди дека нивниот брод спасил 250 мигранти кои биле во опасност од превртување во близина на либискиот брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Лаура Лануза, портпаролот на организацијата „Proactiva Open Arms” вели дека невладиниот брод ги спасил африканските мигранти од две мали гумени пловила кои биле во опаснсот од преплавување со вода. Таа додаде дека мигрантите веднаш по тоа биле префрлени на брод на италијанската крајбрежна стража.
„Proactiva Open Arms” е основана во 2015 година за да одговори на мигрантската криза во Медитеранот.
Лануза тврди дека нивниот брод за спасуање, кој е преработен рибарски брод, до сега оваа година спасил околу 2.000 мигранти.