свет

Шпанија: Спасени се 569 мигранти кои го преминувале Средоземното Море

Добрите временски услови и мирното море последните денови доведоа до зголемен број обиди на мигрантите да дојдат до шпанскиот брег по западниот медитерански пат.

Ekip  | 23.06.2018 - Обновена : 25.06.2018
Шпанија: Спасени се 569 мигранти кои го преминувале Средоземното Море

Madrid

МАДРИД (АА) - Шпанските власти објавија дека спасиле 569 мигранти кои со брод се обидувале да го преминат Средоземното Море за од северна Африка да стигнат во Шпанија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Поморската служба за спасување на Шпанија соопшти дека денешните акции на спасување вклучиле 264 лица во 16 пловила во Гибралтарскиот премин, кои се движеле по прометната транспортна линија каде што морските струи се многу силни. Две машки лица се извлечени и од кануа.

Добрите временски услови и мирното море последните денови доведоа до зголемен број обиди на мигрантите да дојдат до шпанскиот брег по западниот медитерански пат. Новата левичарска Влада на Шпанија објави дека ќе има помек став кон миграциите, така што ќе ја прошири јавната здравствена заштита за странските државјани без дозвола за престој.

Пред една недела Шпанија прифати 630 мигранти од францускиот хуманитарен брод „Аквариус“, откако Малта и Италија кои беа поблиску, одбија на бродот да му дозволат пристап на нивните пристаништа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.