Ekip
23 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
ВАТИКАН (АА) - Ватиканскиот суд денес, на првото судење од овој вид, го осуди поранешниот дипломат на Светата столица на 5 години затвор поради поседување и дистрибуција на детска порнографија, јавува Anadolu Agency (AA).
Монсињор Карло Капела призна дека ги гледал сликите во период, како што рече, „на слабост“ и внатрешна криза, предизвикани поради деловното преместување во Амбасадата на Ватикан во Вашингтон.
Претседателот на Трибуналот, Џузепе Дела Торе ја прочита пресудата денес по дводневното судење на кое Капела бараше блага казна, велејќи дека таа епизода „била само скршнување од патот“ на свештеничкото занимање кое го сака и сака да продолжи да го работи.
Дела Торе рече дека Капела продолжил да има пристап до материјалот, дури и откако Ватикан го отповикал во август 2017 година.