свет

Жителите на Газа упатија благодарност до турскиот претседател Ердоган

Палестинците кои, на границата на Газа се собраа за Маршот на големото враќање, одржаа демонстрација на која упатија благодарност до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Said İbicioğlu, Ali Semerci  | 23.06.2018 - Обновена : 24.06.2018
Жителите на Газа упатија благодарност до турскиот претседател Ердоган

Gazze

ГАЗА (АА) - Палестинците кои, на границата на Газа се собраа за Маршот на големото враќање, одржаа демонстрација на која упатија благодарност до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).

Палестинците, кои од 30 март одржуваат мировни протести на границата меѓу Израел и Појасот Газа која се наоѓа под блокада, одржаа демонстрација во подрачјето на Чибалије, кое се наоѓа во северниот дел на Газа, каде што упатија благодарност до Турција и нејзиниот претседател, Ердоган, поради нивната поддршка за Палестина.

За време на демонстрацијата, Палестинците носеа транспаренти со фотографија на Ердоган, со напис „Упатуваме благодарност до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, поради неговиот цврст став“, и извикуваа пароли како „Од Газа упатуваме поздрав до чесната Турција“.

„Турција е наш брат. Упатуваме благодарност до неа поради нејзината помош. Повеќе земји ни помагаат, но Туција стоеше до нас“, истакна еден Палестинец за време на демонстрацијата, кој претходно бил повреден за време на интервенцијата на израелските војници.

„Ние ова им го кажуваме на ционистите (на Израел): И да сме ранети, и да сме распарчени, ние, лазејќи ќе одиме кон нив. И да ги сечат нашите раце или нозе, ние, лазејќи ќе стигнеме до нив сè додека не ги избркаме окупаторите и не ги вратиме нашите окупирани територии“, истакна еден друг Палестинец.

Исто така, еден од учесниците на демонстрацијата, рече: „Ние ќе продолжиме да ја сакаме оваа земја, и ако другите се враќаат од овој пат, ние нема да се вратиме. Ние ќе продолжиме по нашиот пат. Нема да се предомислиме“.

Израелските војници отвораа оган со куршуми врз цивилите.

Палестинците од 30 март до денес одржуваат мировни демонстрации под името „Маршот на големото враќање“, на границата меѓу Израел и Газа која е под блокада.

Во овие демонстрации загинаа 130 Палестинци, од кои 2 новинари и 2 здравствени работника, како резултат на нападите на Израелската војска, а повредени се над 14.000 Палестинци. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın