Sorwar Alam
01 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
ИЗМИР (АА) - Денес вкупно 281 странски државјанин се приведени во Турција поради илегален престој во земјата, велат безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските единици на крајбрежната стража во западната крајбрежна област Измир притворија 54 лица, меѓу кои 38 Сиријци и четворица авганистански државјани, кои се обидувале да го преминат Егејското Море со гумени чамци.
Странските државјани тргнале од областа Дидим во Ајдин и се обиделе илегално да стигнат до грчките острови.
Други 48 странци, вклучувајќи жени и деца, беа пронајдени од страна на полицијата во источната турска област Елазиг.
Странските државјани, меѓу кои има лица од Авганистан, Узбекистан, Пакистан, Туркменистан и од Мјанмар, беа пронајдени во близина на бензинска пумпа во подрачјето Каракоџан.
Полицијата изјави дека странските државјани илегално влегле во Турција.
Локалната власт за нив обезбеди храна, сместување, како и пелени и бебешка храна за новороденчињата во групата.
Во друга операција во јужната област Хатај, која граничи со Сирија, турската жандармерија притвори 15 лица од сириска националност, кои се обиделе илегално да ја преминат границата.
Мигрантите се префрлени во Службата за управување со миграциите во областа, заради понатамошна правна постапка.
Во меѓувреме, четворица ирачки државјани беа исто така уапсени денес во Карабук, се вели од канцеларијата на гувернерот.
Лицата илегално влегле во земјата и престојуваат без никаква дозвола, се вели во соопштението издадено од канцеларијата.
Одделно, безбедносните сили во западната област Едрене приведоа 149 мигранти и бегалци.
Мигрантите и бегалците од Авганистан, Пакистан, Бангладеш, Алжир, Тунис, Иран, Палестина и од Сирија беа испратени во канцеларијата за миграции во Едрене.