Турција

Турција: Телефонски разговор помогна жена да се спаси под урнатините

Жената е спасена откако со неа додека беше под урнатините, телефонски разговараше членка на медицинска екипа која и даваше инструкции како да се однесува за да преживее

Orhan Onur Gemici  | 25.01.2020 - Обновена : 27.01.2020
Турција: Телефонски разговор помогна жена да се спаси под урнатините

ЕЛАЗИГ (AA) - Жена по име Азизе е спасена од под урнатините на зградата по 17 часа во турскиот град Елазиг кој во петокот го погоди земјотресот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Жената е спасена откако со неа додека беше под урнатините, телефонски разговараше членка на медицинска екипа која и даваше инструкции како да се однесува за да преживее.

Во земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер кој во петокот го погоди градот Елазиг, на истокот на Турција, смртно настрадаа 22 лица, а повредени се 1.030 лица.

Во акциите за спасување во регионот учествуваат вкупно 1.167 спасувачи и 235 возила.

Епицентарот на потресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер регистиран е во местото Сивирџе, недалеку од градот Елазиг, во близина на границата со Сирија.

Земјотресот се почувствува и во околните градови Адана, Хатај, Османије и на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın