Handan Kazancı
25 Јануари 2020•Ажурирај: 25 Јануари 2020
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, пристигна во градот Елазиг за дополнително да се информира за разорниот земјотрес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган ја откажа програмата во Истанбул за да го посети Елазиг и дополнително да се информира за случувањата на терен и за акциите за спасување.
Во земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер кој вчера го погоди градот Елазиг, на истокот на Турција, смртно настрадаа 22 лица, а повредени се 1.030 лица.
Во градот Елазиг и понатаму трае акцијата за спасување од под урнатините на три згради. Во акциите за спасување учествуваат вкупно 1.167 спасувачи и 235 возила.
Епицентарот на земјотресот со 6,8 степени по Рихтер е регистиран во местото Сивриџе, недалеку од градот Елазиг, во близина на границата со Сирија. Земјотресот се почувствува и во околните градови Адана, Хатај и Османије и на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.