Eşber Ayaydın
03 Јануари 2016•Ажурирај: 04 Јануари 2016
ИЗМИР (АА) - Турската крајбрежна стража спаси 57 лица кои останале насукани на еден остров во близина на местото Дикили, во покраината Измир, во обид за нелегално преминување во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на крајбрежната стража, одредена група луѓе останале насукани на помал остров по што испратени се хеликоптери и чамци за да ги извлечат.
Екипите со хеликоптер евакуирале 12 лица, меѓу кои и три деца, кои не се чувствувале најдобро, а 45 лица со рибарски брод пренесени се во пристаништето Дикили.
Крајбрежната стража од почетокот на 2016 година спасила вкупно 331 мигранти. Екипите имале седум интервенции во близина на Бодрум и Измир.