Ekip
26 Декември 2016•Ажурирај: 27 Декември 2016
КАМПАЛА (АА) – Во денешното соопштение на полицијата на Уганда е наведено дека се стравува оти 30 лица загинале на рибарскиот брод што потона во езерото Алберт, во југоисточна Уганда, на денот на Божиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот командант на подрачјето Булиса, Рутагира Џон, за АА даде телефонска изјава дека полицијата и воените морски екипи се во потрага по 21 лице кои се водат за исчезнати.
„Досега извлековме девет тела од 45-те лица што се превезуваа на бродот“, изјави Рутарига.
Тој изјави дека рибарскиот брод бил со капацитет за 18 лица. Очевидци изјавиле дека поголемиот дел од групата, како и лицето што управувало со бродот, оделе да гледаат пријателски фудбалски натпревар на соседната страна и веќе биле пијани.
„Никој од нив не носеше елек за спасување, а повеќето седеа на рабовите од бродот и свиреа на иструменти“, додаде тој.
Од 2000 година, над 250 лица ги загубија своите животи во езерото Алберт а најголемата бродска несреќа се случи во февруари 2004 година, кога загинаа 45 лица.