Ali H. M.Abo Rezeg
26 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
САНА (АА) - Според информации од јеменската армија, провладините сили денес зазедоа две воени позиции во источната областа Нахм во провинцијата Сана, од шиитската полиција на племето Хуси и нивните сојузници, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашите сили напредуваа во Нахм, каде што го ослободија селото Сархан и планинскиот регион Карн ал Вада“, изјави армијата преку соопштение објавено на нејзината официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук.
„Коалицијата предводена од Саудиска Арабија исто така изврши два воздушни напада врз позииците на Хусите, уништувајќи три нивни возила“, се додава во соопштението без да се наведе бројот на жртвите.
„Во вториот воздушен напад од страна на коалицијата беа уништени уште неколку возила и опрема на Хусите“, се наведува во соопштението.
Лидерот на Хусите и сојузничките сили, поранешниот јеменски претседател, Али Абдула Салех, треба допрва да го даде својот коментар на барање на армијата.
Јемен е разорен од војната што започна кон крајот на 2014 година, кога Хусите и нивните сојузници го окупираа главниот град и други делови од земјата.
Конфликтот ескалираше во март минатата година, кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници започнаа голема воздушна кампања против Хусите, во корист на јеменската Влада.
Во Јеменскиот конфликт загинаа речиси 7.000 луѓе, а повеќе од половина од нив се цивили. Се проценува дека има повеќе од три милиони раселени лица поради недостатокот на храна и поради ширењето болести.