Nazlı Yüzbaşıoğlu
01 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави дека лидерството на Турција е вистинска инспирација за Уганда и голем број други африкански земји. „Турција успеа да постигне многу благодарение на нејзиното иновативно лидерство", истакна Мусевени, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Уганда Мусевени зборуваше на заедничка прес-конференција со Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во рамките на неговата официјалната посета на Уганда, во претседателската палата во Ентебе.
Toj изјави дека меѓу двете земји постојат големи потенцијали, кои можат да се спроведат само доколку се сретнат на заедничка маса.
„Денеска зборувавме на многу теми и најголем дел од нив завршија со договор. И останатите теми во најкус рок ќе бидат договорени. Очекуваме до месец јули да се проведат договори за двојно оданочување и социјално осигурување“, изјави претседателот на Уганда Мусевени.
Мусевени посочувајќи го отворањето на Турција кон Африка рече: „Лидерството на Турција е вистинска инспирација за Уганда и голем број други африкански земји. Турција успеа да постигне многу благодарение на нејзиното иновативно лидерство.“
Претседателот Мусевени истакна дека Турција до скоро не успевала да го искористи својот потенцијал, но дека во последно време оваа ситуација се изменила.
„Благодарение на иновативното лидерство на почитуваниот претседател Ердоган, Турција последните десет години зазеде сериозен став“, соопшти Мусевени.
Претседателот Мусевени потсетувајќи дека Турција, која во 19-тиот век беше квалификувана како „болниот човек на Европа“, рече: „Турција стана движечка сила за развој, не само во Европа, туку во целиот свет."
Зборувајќи дека двете земји имаат исти погледи кон меѓународните теми, Мусевени истакна дека верските поделби се сериозна закана за секоја заедницата.
- Области за соработка
Претседателот Мусевени зборувајќи на прес-конференцијата, наведе дека Турција и дава голема поддршка на Уганда и додаде дека двете земји покажаа големи можностите за соработка на полето на општото образование, стручна обука, здреавство, наука и одбраната.
„Надворешната политика на Турција е во насока на обезбедување на поддршка кон сите земји“, рече Мусевени.
Мусевени ги охрабри турските инвеститори за инвестираат во Уганда и изрази задоволство од фактот дека во Индустрискиот парк во Уганда ќе биде отворена фабрика од турски фирми.
Зборувајќи за разновидноста на можностите за соработка меѓу Турција и Уганда, Африка и Источна Африка, Мусевени изјави: „За да можат и двете страни да имаат придобивка од просперитетот, многу е битна соработката меѓу Турција и Уганда, Турција и Источна Африка.“
- Прашања
Мусевени на прашањето за планот Обединетите нации да го намалат својот удел во фондот за стабилност на Сомалија, изјави:
„Ние самите можеме да си ги решиме проблемите и кога ги нема ЕУ и ОН. За мене битни се земјите како Турција и Уганда, кои и ја даваат потребната поддршка на народот на Сомалија и нејзините државни институциите, во развојот таа да застане на сопствени нозе."
На прашањето за улогата која што можат да ја одиграат Уганда и Турција во посредувањето и безбедноста во Источна Африка, претседателот Мусевени даде своја проценка, наведувајќи:
„Доколку и двете страни сакаат просперитет, тогаш потребно е да се изнајде средина која ќе им одговара на сите. Во тој случај би зборувале за четири нешта. Инвестиции, трговија, туризам и солидарност. За спроведување на овие наведени нешта, нешто без што не е можно нивно спорведуање е да има мир. На тој начин на овие четири фактори, можете да го додадете и петиот фактор, а тоа е работење во насока на создавање на мир.“