Burak Bir
09 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 4,1 степен се случи во Мраморното Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Одделот за земјотреси при турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот се случил на длабочина од 9,9 километри, во околу 12:57 часот по локално време, на приближно 8,2 километри од подрачјето Саркој во областа Текирдаг.
Земјотресот исто така се почувствувал и во турската метропола Истанбул.