Muhammed Boztepe,Cankut Taşdan
09 Септември 2020•Ажурирај: 11 Септември 2020
АНКАРА - Министерот за внатрешни работи на Турција на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека на тероризмот му е зададен голем удар со запленувањето големо количество дрога, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Солју во својата објава напиша: „Во местото Лиџе во турската област Дијарбакир, во рамките на операцијата „Гром 7“, спроведена против наркотероризмот, запленети се 5 тони и 81 килограм марихуана и 14.169.150 стебла канабис. Ѝ честитам на жандармеријата.“
Во соопштението што го објави Министерството за внатрешни работи се вели дека во рамките на операцијата „Гром 7“, спроведена против наркотероризмот од страна на Командата на обласната жандармерија на Дијарбакир, на 255 различни точки кои се претходно откриени, запленети се 2.221 килограм дрога во прав и 2.860 килограми хашиш во форма на прав, вкупно 5.081 килограм опојни дроги и 14.169.150 стебла канабис, заедно со водоводна мрежа долга 11.525 метри за наводнување на полињата на канабисот и 2 водни пумпи.
Во соопштението се вели дека во рамките на операцијата при запленувањето на дрогата се приведени и 3 криминалци.
Терористичката организација ПКК ги финансира своите терористички активности преку трговијата со дрога уште од 1980-тите години. Интерпол проценува дека 80 отсто од европскиот пазар на дрога се снабдува од мрежи на криумчарење под контрола на ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.