Cankut Taşdan
09 Септември 2020•Ажурирај: 10 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турските сили во антитерористичка акција организирана во Тунџели, област на источниот дел на земјата, неутрализираа двајца терористи по кои беа распишани потерници, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за внатрешни работи на Република Турција, Сулејман Сојлу, објави дека Фадиме Чакил и Ерол Волкан Илдем, член на турската Комунистичка партија/Марксистичко-Ленинистичка (TKP/ML), се неутрализирани за време на операцијата „Јилдирим 4“ (Молња 4).
Илдем, под кодното име „Нубар“ се наоѓа во црвената категорија, додека Чакил под кодното име „Роза“ бил на сивата листа на барани терористи на турското МВР.
Сојлу додаде и дека тројца терористи се неутрализирани во руралното подрачје Оѓул во Хакќари.