Турција

Турција: Започната антитерористичката операција „Ерен-2 Лиџе“

Во операцијата учествуваат 116 оперативни тимови, односно 2.024 припадници на безбедносните сили, а меѓу нив се жандармеријата, специјалците, полицијата

Orhan Onur Gemici  | 20.01.2021 - Обновена : 21.01.2021
Турција: Започната антитерористичката операција „Ерен-2 Лиџе“

АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Турција соопшти дека во источниот дел на земјата е започната антитерористичката операција „Ерен-2 Лиџе“, во која учествуваат 2.024 припадници на безбедносните сили, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството се наведува дека продолжуваат операциите „Ерен“, чија цел е во потполност да се онеспособи терористичката организација ПКК/КЏК и да се неутрализираат терористите што се кријат на тие подрачја. Првата таква операција е започната во подрачјето Тендурек.

Во тие рамки е започната операцијата „Ерен-2 Лиџе“, во која учествуваат 116 оперативни тимови, односно 2.024 припадници на безбедносните сили, а меѓу нив се жандармеријата, специјалците, полицијата и селските чувари.

Операциите „Ерен“ се започнати на 11 јануари, а се спроведуваат одлучно во намерата да ги исчистат терористите од тоа подрачје.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın