свет

Ердоган и Алиев го отворија Меѓународниот аеродром „Фузули“, во регионот ослободен од ерменска окупација

Ердоган престојува во еднодневна посета на Азербејџан, а на аеродромот во Фузули беше пречекан од претседателот земјата, Илхам Алиев

Mehmet Tosun  | 26.10.2021 - Обновена : 27.10.2021
Ердоган и Алиев го отворија Меѓународниот аеродром „Фузули“, во регионот ослободен од ерменска окупација

ФУЗУЛИ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, го отворија денес новоизградениот Меѓународен аеродром во Фузули, прв во регионот ослободен од повеќедецениската окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган престојува во еднодневна посета на Азербејџан, а на аеродромот во Фузули беше пречекан од претседателот на таа земја, Илхам Алиев.

Ердоган е прв претседател на држава кој е пречекан на овој аеродром.

По свечениот дочек, Ердоган и Алиев ја пресекоа лентата и го отворија аеродромот, што подоцна го посетија заедно со делегациите.

Во Азербејџан со претседателот на Турција допатуваа и министерот за животна срдина и урбанизам Мурат Курум, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за одбрана Хулуси Акар, министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу, шефот на Одделот за комуникации Фахретин Алтун и портпаролот на Кабинетот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.

- Аеродром изграден за осум месеци -

Меѓународниот аеродром „Фузули“ во Азербејџан, што денес свечено го отворија претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, завршен е во рок од осум месеци. Тоа е прв аеродром што е изграден на територијата што Азербејџан ја ослободи од триесетгодишната ерменска окупација.

Аеродромот, чиј темелник на 14 јануари 2021 година го постави Алиев, за само неколку месеци стана аеродром приспособен на највисоките меѓународни стандарди.

Првиот пробен лет на аеродромот е извршен на 22 август.

Аеродромската писта е долга 3.000 метри и широка 60 метри. Терминалот може да опслужува 200 патници на час.

На аеродромот ќе можат да слетуваат и полетуваат широкотрупни авиони.

- Најсовремена опрема -

Во изградбата на аеродромот, што е приспособен на меѓународните стандарди и е опремен со најсовремена опрема, учествуваа и турски компании.

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) го вклучи аеродромот на листата на меѓународни аеродроми под шифрата FZL.

Меѓународниот аеродром „Фузули“ ќе биде еден вид врата за Карабах кон светот.

Се очекува аеродромот да придонесе и за развојот на туризмот и трговијата на тоа подрачје.

Туристичките групи кои сакаат да ја посетат Шуша, симболот на Карабах, ќе можат да го скратат своето патување користејќи го аеродромот „Фузули“. Аеродромот е оддалечен 100 километри од Шуша, а околу 300 километри од Баку.

„Годинава започна изградбата на аеродромот. Тогаш реков дека Меѓународниот аеродром Фузули ќе биде отворен оваа година. Можеби ниту еден аеродром во светот не е изграден толку брзо. Пистата е готова, последните подготовки се во тек. Овој аеродром е воздушната врата на Карабах“, рече Алиев при посетата на аеродромот додека беше во фаза на изградба.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.