Gözde Bayar
20 Јануари 2021•Ажурирај: 21 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Република Турција денес ја одбележа третата годишнина од антитерористичката операција „Маслинова гранка“ во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Присетувајќи се на шехидите (загинатите херои) и ветераните од операцијата „Маслинова гранка“ покрената во 2018 година со цел уништување на терористичкиот коридор јужно од турската граница, Министерството сподели и специјално подготвена видеоснимка.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.