Havva Kara Aydın
09 Декември 2019•Ажурирај: 09 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турција депортираше 11 француски државјани поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, се соопштува од турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството се нагласува дека процесот на екстрадиција за останатите странски терористи продолжува.
Турција е со став дека странските терористи треба да бидат вратени во нивните матични земји. Анкара соопшти дека неколку европски земји не вложиле напори да ги прифатат припадниците на ДЕАШ назад во нивните земји.