Турција

Хулуси Акар: „НАТО е посилно и позначајно со Турција“

Акар: „ЈПГ воопшто не се разликува од ПКК. Не станува збор за тоа дека е можно да се откажеме. ЈПГ се терористи и целиот свет ќе го знае тоа.“

Burak Bir  | 09.12.2019 - Обновена : 10.12.2019
Хулуси Акар: „НАТО е посилно и позначајно со Турција“

АНКАРА

Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, беше гостин на уредничкиот деск на Агенција Анадолија (АА) во Анкара, каде што одговараше на прашањата на новинарите за актуелните прашања.

Министерот Акар, околу односите на Турција со НАТО истакна дека НАТО е посилно и позначајно со Турција, додавајќи дека беспредметно е да се преиспитува Турција.

Зборувајќи за Турција и нејзините ставови, кои некои членки на НАТО негативно ги оценуваат, Акар одговори „Кога зборуваме за правата и интересите на нашата земја во составот на НАТО, тоа не треба да се сфати како став против НАТО.“ 


- „Нашите јужни граници се јужните граници и на НАТО“

Турскиот министер истакна дека јужните граници на Турција во исто време се јужните граници и на НАТО, истакнувајќи дека тоа значи дека со заштитата на јужните граници на Турција во исто време безбедни се и НАТО и Европа.


- „Целиот свет ќе знае дека ЈПГ се терористи“

Околу ставовите на некои страни дека ЈПГ не се терористи, министерот Акар рече: „ЈПГ воопшто не се разликува од ПКК. Не станува збор за тоа дека е можно да се откажеме. ЈПГ се терористи и целиот свет ќе го знае тоа.“


- „На тоа гледаме како неспособност, го оценуваме како слабост“

Министерот Акар се осврна и на депортацијата на либискиот амбасадор од Атина, при што рече дека тоа го гледа како неспособност на грчката страна, оценувајќи го како нејзина слабост, и додаде „Тоа нема да влијае на резултатот. За ова прашање препорачуваме да се пристапи со смиреност, трпеливост, разум и логика, барајќи усогласување со меѓународното право. Би сакал да истакнам дека овој договор во потполност е во согласност со меѓународното право.“ 


- „Нашите барања се поврзани со националните интереси“

Во врска со барањата на Турција и нејзините очекувања од НАТО, Акар го посочи следното: „Нашите барања [од НАТО] се поврзани со нашите национални интереси. Не станува збор за повлекување од нашите разумни барања, кои не се претерани.“


- „Тоа е направено почитувајќи ги правата и интересите на Либија и Турција“

Министерот Акар во разговорот со уредничкиот деск на АА се осврна и на Договорот на Турција со Либан, потенцирајќи дека Договорот не е против ниту еден сосед и дека е постигнат меѓу две суверени држави, почитувајќи ги правата и интересите на Либан и на Турција.


- „Нема да дозволиме на ниту еден начин [Турција] да се стави пред свршен чин“

Турскиот министер за одбрана, продолжувајќи на оваа тема, зборуваше и за заштитата на правата на Турција и ТРСК (Турска Република Северен Кипар). Акар подвлече дека нема да се дозволи прекршување на правата и законите на Турција и ТРСК, и додаде „Би сакал да истакнам дека нема да биде валидно ниту едно решение во кое не е вклучена Турција.“


- „Го искористивме нашето право на самоодбрана“

На прашањето во врска со операцијата „Извор на мирот“ на турската јужна граница, министерот Акар истакна дека Турција го искористила своето право на одбрана поради притисоците на јужната и источната граница на земјата. „Во моментов под наша целосна контрола е територија во широчина од 145 илометри и длабочина од 30 километри“, рече Акар.


- „Од локалното население во Рака и Хасека, 57% ја поддржуваат операцијата“

Министерот за одбрана, Акар, рече дека според податоците на „Галуп“ (Gallup), американска компанија за анализа и совети, операцијата „Извор на мирот“ ја поддржуваат 57% од локалното население во Рака и Хасека. 

За Сириската национална војска (СНВ) министерот Акар истакна: „СНВ не се терористи, тие рамо до рамо, заедно со нас се трудат да ги неутрализираат терористите и земјата да ја спасат од терористичката окупација.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın