İzzet Taskiran
08 Декември 2019•Ажурирај: 10 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - ИЗЕТ ТАШКИРАН -
Според податоците на интернет-страницата на Генералната дирекција на Државната управа на аеродроми (ДХМИ) на Турција, во периодот од јануари до ноември 2019 година, бројот на патници кои патувале од аеродромите во Истанбул, во споредба со истиот период минатата година се зголеми за 1 милион 235 илјади 632 лица, и достигна 95 милиони 988 илјади и 89 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на патници кои патувале од аеродромот „Ататурк“, меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ и аередромот „Истанбул“ во првите 11 месеци во оваа година е зголемен во споредба со истиот период минатата година.
Во овој период од аеродромот „Ататурк“, каде што од април се реализираат само специјални и карго летови, патуваа 16 милиони 72 илјади и 534 патници.
Во истиот период од меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ патуваа 32 милиони 627 илјади и 798 патници.
Исто така, во периодот од јануари до ноември оваа година, од новиот аеродром „Истанбул“ патуваа 47 милиони 297 илјади и 757 патници.
Вкупниот број патници кои во наведениот период патувале од трите аеродроми во Истанбул, изнесува 95 милиони 988 илјади и 89 лица.
Во овој период минатата година, од аеродромите во Истанбул патувале 94 милиони 752 илјади и 457 лица, додека овој број во истиот период во 2019 година се зголеми за 1 милион 235 илјади и 632 патници.
Од друга страна, во горенаведениот период на трите аеродроми во Истанбул реализирани се 646 илјади и 924 авионски летови.