Faruk Zorlu
28 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
ХАКЌАРИ (АА) - „Турската војска воспоставува нова воена база на висорамните области во југоисточната турска област Хакќари, како дел од антитерористичката операција против терористите на ПКК“, велат безбедносни извори денес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Воената база е воспоставена од страна на Турските вооружени сили на планината Балкаја, на височина од 2.400 метри во подрачјето на Шемдинли, во близина на ирачката граница“, велат извори, кои зборуваа под услов на анонимност.

Тие, исто така, истакнаа дека од 19 март, како дел од антитерористичката операција спроведена во подрачјето, биле уништени 14 импровизирани експлозивни уреди поставени од терористите.

Антитерористичките операции се спроведени со цел обезбедување на граничните премини од терористите на ПКК.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, во јули 2015 година ја продолжи својата вооружена кампања против Турција.