Турција

Турција: Во Чанаккале фатени 330 нерегуларни мигранти

Крајбрежната стража, почнувајќи од синоќа до утринските часови реализираа седум операции во северниот дел на Егејското Море, во чии рамки фатија 330 нерегуларни мигранти во гумени чамци

Hanife Erdinç  | 18.08.2019 - Обновена : 20.08.2019
Турција: Во Чанаккале фатени 330 нерегуларни мигранти

ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Ајваџик кај турскиот град Чанаккале, фатени се 330 нерегуларни мигранти кои се подготвувале на илегален начин да преминат на грчкиот остров Лезбос, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според добиените информации, тимовите на Крајбрежната стража, почнувајќи од синоќа до утринските часови реализираа седум операции во северниот дел на Егејското Море, во чии рамки фатија 330 нерегуларни мигранти во гумени чамци.

Овие мигранти со потекло од Авганистан, Сирија и Палестина, се обидувале да преминат на грчкиот остров Лезбос.

Фатените нерегуларни мигранти првин биле донесени во станицата на крајбрежната стража во подрачјето на Ќучуккаја, а потоа биле пренесени во Центарот за враќање на странци во Ајваџик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın