Muhammed Nuri Erdoğan
22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
АНКАРА (АА) - Во последните пет години неутрализирани се над 8.500 терористи на терористичката организација ПКК, додека бројот на терористи кои се наоѓаат во Турција се намали на 410-420, пишува Агенција Анадолија (АА).
Со турската политика за водење одлучна и силна борба против тероризмот, реализирани се операции од страна на безбедносните сили против сепаратистичката терористичка организација.
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од безбедносни извори, од 2016 година досега извршени се 394.535 операции против терористичката организација ПКК, додека годинава реализирани се 67.985 операции.
Во последните пет години приведени се 75.453 осомничени, од кои 19.018 се притворени.
Во 2016 година се неутрализирани 3.560 терористи на ПКК, додека оваа година неутрализирани се 506 терористи.
Во последните пет години неутрализирани се вкупно 8.650 терористи на ПКК, од кои 4.107 се убиени, 2.762 фатени живи, и 1.781 се предале на безбедносните сили.
Во 2016 година во редовите на терористичката организација ПКК се вклучиле 703 лица, во 2019 година 130 лица, додека бројката оваа година е 30.
Како резултат на кампањата на безбедносните сили за убедување, во последните пет години 758 припадници на сепаратистичката терористичка организација се предале на безбедносните сили. Во рамки на тие активности во тек се разговорите со 12.615 семејства кои имаат член во редовите на терористичката организација.
Меѓу другото, оваа година бројот на терористи во земјата за првпат се намали под 500, односно изнесува 410-420. Во последните четири години стапката на присуство на терористите во Турција се намали за 84 отсто.