Sena Güler
13 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
АНКАРА
Најмалку тројца терористи се неутрализирани во домашна воздушна антитерористичка операција во југоисточниот дел на Турција, известува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за внатрешни работи се соопштува дека како дел од домашните безбедносни операции, единиците на жандармериската команда извршиле операција во руралните области на Битлис.
„Шестмина терористи беа неутрализирани во текот на изминатите два дена, вклучувајќи тројца во Хакќари и тројца во Битлис“, се вели во соопштението.
„Операциите во регионот се во тек“, се додава во соопштението.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.