свет

Лидерите на земјите членки на ЕУ утре ќе се состанат во Брисел

Овој ќе биде првиот самит организиран од страна на новата управа на ЕУ, а ќе се одржи под водство на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и со учество на Урсула вон дер Лејен, претседателка на Европската комисија

Ata Ufuk Şeker, Şerife Çetin  | 11.12.2019 - Обновена : 12.12.2019
Лидерите на земјите членки на ЕУ утре ќе се состанат во Брисел

БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) утре ќе се состанат во белгискиот главен град Брисел, со цел да разговараат за различни теми, како животна средина, климатски промени, надворешни политика, економија и Брегзит, јавува Агенција Анадолија (АА).

Самитот ќе се одржи помеѓу 12 и 13 декември во Брисел, со учество на претседателите на државите и владите на земјите членки на ЕУ.

Овој ќе биде првиот самит организиран од страна на новата управа на ЕУ, која дојде на функција на 1 декември, а ќе се одржи под водство на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и со учество на Урсула вон дер Лејен, претседателка на Европската комисија.

- Климатски промени

Првиот ден на овој самит, по обраќањето на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ќе започне со сесијата на која ќе се разговара за иднината на Европа.

Другите теми за кои ќе разговараат лидерите на ЕУ се климатските промени, како и за прашањата за животната средина. Во овие рамки се очекува да се разговара за стратешките приоритети на ЕУ во долг рок во врска со климатските промени.

Во друга сесија ќе се разгледа и буџетот на ЕУ во иднина. Лидерите ќе реализираат средби со цел да постигнат консензус за различни теми во врска со Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ), која го вклучува буџетот на Унијата за периодот од 2021 до 2027 година

- Надворешна политика

Во првиот ден на Самитот лидерите ќе ги завршат сесиите со состанок на кој ќе се разменат мислења за надворешната политика.

На оваа сесија ќе се дискутира за Нормандискиот самит за Украина, односите со Африка, како и за недостатоците во структурата на Светската трговска организација.

Исто така, на оваа сесија ќе се актуализира и Меморандумот постигнат меѓу Турција и Либија, и ќе се повикаат лидерите да испратат пораки за солидарност до Грција и грчката администрација на Јужен Кипар.

Предвидено е на истата сесија да се разговара и за санкциите на ЕУ против Русија.

- Економија и Брегзит

Вториот ден на овој самит ќе започне со сесијата на која ќе се разговара за економски прашања. На оваа сесија ќе учествуваат претседателката на Центарлната европска банка, Кристин Лагард, и претседателот на Еврогрупата, Марио Центено.

На овој состанок ќе се разговара за различни теми како последната состојба во европската економија, чекорите кои ќе ја развијат економската и монетарната унија, ажурирањето на договорот на Европскиот механизам за стабилност, формирање буџет на Еврозоната, како и за зајакнување на Банкарската унија.

Лидерите на последната сесија ќе се фокусираат во Брегзит, и ќе се разговара за последната состојба во подготовките за Брегзит и односите во иднина.

На Самитот се очекува лидерите да упатат пораки во врска со односите за кои се планирани да се градат во иднина со Велика Британија.

Британскиот премиер Борис Џонсон нема да учествува на овој самит бидејќи на истиот датум ќе се одржат општите избори во оваа земја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın