Hatice Özdemir Tosun
22 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
АНТАЛИЈА (АА) – ХАТИЏЕ ОЗДЕМИР ТОСУН –
Туристичките компании кои сакаат да им понудат здрав и пријатен одмор на своите локални и странски клиенти внимаваат да не ги загрозат критериумите на Програмата за сертификација на безбеден туризам.
Поради епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), под раководство на Министерството за култура и туризам, туристичкиот сектор внимава на критериумите започнати со Програмата за сертификација на безбеден туризам. Од ден на ден се зголемува бројот на сместувачки капацитети и угостителски објекти кои го добиваат сертификатот.
Говорејќи за Агенцијата Анадолија (АА), заменик-министерот за култура и туризам Надир Алпаслан истакна дека во пресрет на епидемијата која го зафати целиот свет спровеле добра работа со јавниот и приватниот туристички сектор со цел да ги минимизираат негативните ефекти.
Тој рече дека со иницијатива на релевантните засегнати страни ја подготвиле Програмата за сертификација на безбеден туризам, што ќе преставува пример во светот и информираше дека сместувачки капацитети со повеќе од 50 кревети имаат обврска да го поседуваат тој сертификат.
Алпаслан истакна дека се утврдени критериумите за добивање на сертификат, како и дека сместувачките капацитети ги презеле потребните мерки и започнале да примаат гости.
Заменикот министер Алпаслан наведувајќи дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој исто така ја сподели програмата рече дека како министерство ги запознале и странските новинари, тур-оператори и амбасадорите.

- „Турција: Место за безбеден одмор“
Објаснувајќи дека професионалците во туризмот исто така ја започнаа неопходната работа од моментот на објавувањето на програмата, Алпаслан изјави дека приватниот сектор дејствувал заедно со јавниот сектор.
Алпаслан истакна дека во моментот повеќето сместувачки капацитети и ресторани имаат добиено сертификат и дека на своите гости им нудат безбедна услуга за одмор.
„Како Министерство ќе продолжиме со контролите. Турција стана адреса за безбеден одмор. Тоа директно го слушнав од странските тур-оператори и странските посетители. Турција во однос на мерките преземени против Ковид-19 е најбезбедна земја во светот“, потенцираше Алпаслан.
Меѓу другото, турскиот заменик министер посочи дека туризмот во земјата е раздвижен најпрвин во домашниот пазар, а потоа и во странскиот пазар.
Алпаслан нагласи и дека за да може раздвиженоста во туризмот да продолжи во никој случај не треба да бидат загрозени критериумите за безбеден туризам.