Nevzat Taş
05 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
ХАКАРИ (АА) - Во воздушна интервенција врз припадниците на безбедносните сили на Република Турција насочени кон терористичката организација ПКК, за кои е утврдено дека подготвувале напад во Хакари, во југоисточниот дел на земјата, убиени се 12 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што се соопштува од Канцеларијата на гувернерот на покраината, акцијата е преземена со цел откривање и спречување на активности на организацијата ПКК.
Во соопштението се додава дека е утврдено дека во подготовка бил напад врз припадниците на безбедносните сили, по што е изведена интервенција врз засолништата на терористите.